Од државници до принцови

САД / РУСИЈА - Русија веројатно ќе остане моќ за нарушување во следните две децении, но нејзиното глобално влијание може да опадне пред бројните политички, економски и општествени ветрови, се наведува во извештајот на американското разузнавање објавен на 8 април 2021.

СРБИЈА - Србија може да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници за да се спречи ширењето на епидемијата, изјави за Ројтерс министерот за здравство Златибор Лончар.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Припадници на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија двајца државјани на Пакистан кои беа откриени во обид да прошверцуваат 13 мажи со потекло од Африка и Азија.

МАКЕДОНИЈА - Првачињата во новата 2021/2022 учебна година ќе учат по новите наставни програми што денеска ги донесе Министерството за образование и наука на предлог на Бирото за развој на образованието (БРО). Бирото денеска соопшти дека наставните програми изминатиот период биле изработени од работни групи формирани од Бирото, составени од советници, наставници од основните училишта и универзитетски професори.

НОРВЕШКА - Норвешката полиција ја казни премиерката Ерна Солберг поради кршење на правилата за физичка дистанца поради роденденска забава организирана на семеен собир. Премиерката е казнета со 20.000 норвешки круни (околу 2.352 долари), изјавија од полицијата на прес-конференција за новинарите.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Норвешката полиција ја казни премиерката Ерна Солберг поради кршење на правилата за физичка дистанца поради роденденска забава организирана на семеен собир. Премиерката е казнета со 20.000 норвешки круни (околу 2.352 долари), изјавија од полицијата на прес-конференција за новинарите.

ТУРЦИЈА - Полицијата во Турција изврши операција против членови на организирана криминална група, јавува агенцијата Анадолија. Во операцијата, чиј центар бил во Истанбул, била спроведена во пет области низ Турција и при тоа полицијата изврши рации на 121 адреса со налози за приведување на 63 осомничени лица, вклучувајќи го Седат Пекер, за кого беше утврдено дека е водач на криминалната група.

МАКЕДОНИЈА - По наредба на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, денеска се врши претрес во просторите на фирмата Инвока гроуп и во домот на сопственикот на фирмата, потврдиле за МИА од Обвинителството. Фирмата се поврзува со случајот популарно наречен - Софтверот на Драги Рашковски.

САД - Шефот на дипломатијата во администрацијата на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, Мајк Помпео е ангажиран како соработник на Фокс Њуз, објави информативниот канал на 8 април.

АЛБАНИЈА - Комерцијалните летови денеска продолжуваат на единствениот аеродром во Албанија, во главниот град Тирана, откако повторно беше отворен за суштински и вонредни летови по штрајкот на контролорите на летање. Веднаш потоа пристигнаа 100 илјади дози кинески вакцини. Околу 70 контролори на летање штрајкуваа во средата откако нивните месечни плати беа преполовени на околу 2.490 американски долари поради 57% намалување на воздушниот сообраќај предизвикано од пандемијата на ковид-19.

РУСИЈА - Словачкиот министер за финансии Игор Матович денеска треба да соопшти детали за неговото патување во Москва и нарачката на контроверзните руски вакцини Спутник V. До ова дојде откако словачката агенција за лекови СУКЛ соопшти дека сериите вакцини Спутник V што ги добиле се разликуваат од оние прегледани од меѓународни научници и од регулаторот на Европската унија. Агенцијата соопшти дека открила оти дозирната форма на вакцината - начинот на презентирање на лекот - се разликува од производот што во моментов го проверува Европската агенција за лекови, како дел од сегашниот преглед, потребен за одобрување од ЕУ.

БУГАРИЈА - Бугарските власти објавија дека ги ублажуваат ограничувањата за деловните активности и другите трговски активности, поради намалување на бројот на случаи со ковид-19 и хоспитализации. Министерството за здравство соопшти дека училиштата и универзитетите ќе бидат отворени следната недела, заедно со трговските центри, додека во рестораните ќе може да се послужува јадење во затворено.

ИРАН / ЈУЖНА КОРЕЈА - Иран го ослободи капетанот на јужнокорејскиот танкер запленет во јануари, а бродот продолжи да плови, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Сеул.

ИЗРАЕЛ - Израел му соопшти на Меѓународниот кривичен суд МКС дека не го признава авторитетот на Трибуналот, кој планира да испита можни воени злосторства на палестинските територии. Премиерот Бенјамин Нетанјаху, по состанокот со министри и владини претставници пред денешниот краен рок за да одговори на писмото за известување на МКС, рече дека Израел нема да соработува со истрагата, но ќе испрати одговор.