Норвешката премиерка казнета за кршeње на анти-ковид мерките

Ерна Солберг

Норвешката полиција ја казни премиерката Ерна Солберг поради кршење на правилата за физичка дистанца поради роденденска забава организирана на семеен собир. Премиерката е казнета со 20.000 норвешки круни (околу 2.352 долари), изјавија од полицијата на прес-конференција за новинарите.

Премиерката, која има втор мандат, се извини минатиот месец поради организирање роденденска прослава во февруари, на која биле собрани 13 лица во планинско одморалиште и покрај владината забрана за собири на повеќе од 10 лица на едно место.

Иако полицијата во повеќето вакви случаи не би изрекла парична казна, сепак премиерката, која е на чело на владините напори за сузбивање на ширење на коронавирусот, доби казна.

„Иако законот е еднаков за сите, сите пред законот не се еднакви“, изјави Оле Саеверуд, шеф на полицијата.