Портпаролката на Навални останува во домашен притвор

Портпаролката на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, Кира Јармиш во судот во Москва

Портпаролката на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, Кира Јармиш, останува во домашен притвор, одлучи денеска судот во Москва. Во притвор остануваа и лидерката на женската протестирачка група „Пуси Рајот“, Марија Алјохина, координатор на тимот на Навални во Москва, Олег Степанов и општинскиот пратеник Дмитриј Барановски.

Четворицата, заедно со уште шестмина соработници и приврзаници на Навални, се обвинети дека јавно ги повикале жителите на Москва да ги прекршат здравствените и епидемиолошките безбедносни мерки.

Групата беше приведена кон крајот на јануари откако повикаа на протести против апсењето на Навални. Повеќето од нив беа ставени во домашен притвор. Доколку бидат прогласен за виновни за обвиненијата, на секој му се заканува затворска казна од две години.


На 7 април, Судот го ублажи домашниот притвор и им даде поблаги ограничувања на четири лица во случајот, вклучувајќи го и братот на Навални, Олег и адвокат на Фондацијата за борба против корупција на Навални, Љубов Собол, како и на двајца московските градски законодавци. Во февруари, пак, беше прекинат куќниот притвор на една од приврзаниците на Навални, шефицата на синдикатот на Алијансата на лекарите, Анастасија Васијeева. Десеттата личност во случајот, опозицискиот активист Николај Лијаскин, е единствен од групата кој не доби домашен притвор, но му беше наредено да не ја напушта Москва додека трае истрагата.