Нови 1.163 случаи на заразени со ковид-19 и 35 починати

Регистрирани се 1.163 нови случаи на заразени со ковид-19, од направени 3.927 тестирања, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје – 473, Битола – 100, Куманово – 90, Прилеп – 62, Охрид – 50, Струмица – 45, Тетово – 36, Штип и Кичево по - 32, Велес – 29, Кавадарци – 28, Гостивар и Кочани – по 27, Гевгелија – 22, Струга и Свети Николе – по 14, Неготино и Радовиш - по 12, Ресен и Валандово – по 11, Виница - 10, Крива Паланка и Берово - по 7, Демир Капија и Демир Хисар – по 3, Делчево – 2, Крушево, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 35 починати лица: 7 од Скопје (39г , 63г , 65г , 75г , 76г ,77г, 79г), по 4 починати пациенти од Кавадарци(56г, 68г, 73г, 77г) и Штип (47г, 69г, 70г, 78г), 3 лица од Струмица (71г, 2 лица по 81г), по 2 починати пациенти од Прилеп (76г и 82г), Велес (72г, 85г), Крива Паланка (60г и 72г) и Битола (63г и 69г), и по 1 починат пациент од Куманово (66г), Гостивар (78г), Неготино (82г), Гевгелија (62г), Свети Николе (64г), Радовиш (68г), Охрид (64г), Кичево (69г) и Ресен (71г). Еден пациент е починат дома, останатите во болница.

Регистрирани се 854 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 138.891, бројката на оздравени пациенти е 112.619, на починати е 4.108, а бројот на активни случаи изнесува 22.164.