Бењамина Кариќ е новата градоначалничка на Сараево

Поранешниот градоначалник на Сараево, Абдулах Скака, ѝ го предаде „клучот од градот“ на новата градоначалничка Бењамина Кариќ, Сараево, 8 април 2021

Бењамина Кариќ е новата градоначалничка на Сараево со 26 гласа „за“ од советниците на Градскиот совет на Град Сараево.

Таа во своето прво обраќање по изборот рече дека приоритет во нејзината работа ќе биде модернизирање на функционирањето на градот.

„Заедно, треба да ги поддржиме модерните и позитивни тенденции во развојот на градот, при што ќе се водиме од интересот на граѓаните, а јас како градоначалник ќе го дадам својот целосен придонес. Сакам да бидеме одличен тим кој работи исклучиво во интерес на Сараево и Босна и Херцеговина “, рече Кариќ.