Шефот на турскиот Парламент го осудува ФЕТО во Македонија

Илустрација - Седница на турскиот Парламент

Претседателот на турскиот парламент во средата го критикуваше присуството на терористичката организација Фетулах (ФЕТО) во Северна Македонија.

„ФЕТО не е организација што работи само во Турција или ја избира само Турција како мета, туку е нова генерација терористичка организација“, рече Мустафа Шентоп за време на состанокот со министерот за правда на Северна Македонија, Бојан Маричиќ, во зградата на парламентот, јави турската новинска агенција Анадолија.

„Од оваа причина, мислам дека претставува повеќе или помалку закана во сите земји каде што работи“, рече Шентоп.

Тој ја повика Северна Македонија да преземе неопходни мерки против ФЕТО во согласност со домашното законодавство на таа земја, јави Анадолија.

„Не сметам дека е законски исправно да се почека додека не се изврши истото злосторство во друга земја откако некои организации и поединци извршија злосторство и извршија сериозен обид за државен удар“, рече тој.

Видете и ова: Турција од Македонија бара поодлучни напори против структурите не ФЕТО


ФЕТО и неговиот водач со седиште во САД, Фетула Ѓулен, организираа неуспешен државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице и 2.734 беа повредени. Анкара исто така го обвинува ФЕТО дека стои зад долготрајната кампања за уривање на државата преку инфилтрирање на турските институции, особено војската, полицијата и судството, пишува Анадолија.

Македонскиот министер Маричиќ рече дека неговата земја ја поддржува Турција во борбите против ФЕТО.

„Знаеме колку е важно ова прашање за вас и сакаме да знаете дека ќе ви пружиме целосна поддршка во ова прашање“, рече тој, објавува Анадолија.