Трговскиот дефицит на САД се зголеми за 4,8 проценти

Трговскиот дефицит на САД се зголеми на рекордни 71,1 милијарди долари во февруари

Трговскиот дефицит на САД се зголеми на рекордни 71,1 милијарди долари во февруари, поради падот на извозот во време на пандемијата на коронавирусот. Вкупната трговска размена по двата месеца во 2021 година е пониска за само 1,8 проценти во споредба со минатата година, пред пандемијата да ја погоди светската економија. Разликата меѓу увозот и извозот во февруари скокна за 4,8 проценти во споредба со ревидираниот јануарски дефицит од 67,8 милијарди долари, соопшти Министерството за трговија.

САД во јуни го постигнаа најголемиот буџетски дефицит во историјата

Најголем дефицит е забележан во трговијата со стоки, во февруари изнесува 88 милијарди долари, во споредба со 85,2 милијарди долари во јануари. Трговскиот дефицит со Кина се зголеми за 11,4 проценти од јануари на 30,3 милијарди долари во февруари, додека трговскиот дефицит со Мексико се намали за 42,9 проценти од 11,9 милијарди на 6,8 милијарди долари. Претседателот Џо Бајден и неговиот тим беа повеќе фокусирани врз внатрешната политика и не ставија крај на трговската војна на поранешниот претседател Доналд Трамп со Кина, ниту пак предложија намалување на царините за увоз на челик и алуминиум.