Порестриктивни мерки на Косово во наредните две недели

Владата на Косово објави дека се воведуваат нови мерки поради сомневање за постоење на новиот вид коронавирус од Британија и Јужна Африка.

Следните две недели на граѓаните на Косово ќе им биде забрането да се движат помеѓу 22:00 часот навечер и 5:00 часот наутро, освен во итни случаи со цел да се спречи ширењето на вирусот корона. Покрај тоа, угостителските објекти во Косово ќе бидат затворени од 7 до 18 април. Во истиот период, забранета е работа на трговски центри, додека продавниците и аптеките ќе можат да работат. Владата на Косово објави дека се воведуваат нови мерки поради сомневање за постоење на новиот вид коронавирус од Британија и Јужна Африка. Националниот институт за јавно здравје на Косово тестираше 147 примероци, од кои 97 проценти беа позитивни за британската варијанта на вирусот, додека јужноафриканскиот не беше регистриран.

Рекорден број на нови случаи на коронавирус во Косово од почетокот на пандемијата

Владата на Косово исто така донесе одлука да организира онлајн часови за учениците. Предучилишните установи продолжуваат да работат нормално во согласност со сите епидемиолошки мерки. Исто така, забрането е собирање на повеќе од 10 лица во затворено. Од почетокот на епидемијата, регистрирани се вкупно 94.167 случаи на коронавирус, со 1.926 смртни случаи. Бројот на активни случаи е 14.284. На 28-ми март, Косово доби 24.000 вакцини од АстаЗенека. Тоа беше првиот контингент од програмата КОВАКС на Светската здравствена организација, а од оваа програмата се очекува Косово да добие вкупно 100.800 дози вакцини.