Судија и неговите блиски меѓу кои и двегодишeн внук убиени во Пакистан

Пакистанските власти соопштија дека при вооружен напад загинале судијата Афтаб Африди, кој работел на предмети кои се однесуваат на борба против тероризимот и тројца членови на неговото семејство во северозападната провинција.

Судијата Африди, неговата сопруга, снаа и двегодишно внуче беа жртви во вооружен напад во градот Шаби, кога се враќале дома по присуство на свадбена церемонија. Телохранителот и возачот на судијата се сериозно повредени во престрелката и се хоспитализирани. Полицијата соопшти дека четворица осомничени за соучество во убиството се приведени.