Во Белград состанок меѓу шефовите на дипломатијата на Србија, Грција и Кипар

Српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ, Белград, 30 март 2021 година

Министрите за надворешни работи на Србија, Грција и Кипар, Никола Селаковиќ, Никос Дендијас и Никос Христодулидис денеска во Белград ќе одржат трилатерална средба. Како што соопштија од српското МНР, прво ќе се одржи билатерална средба на шефовите на дипломатија на Србија и Грција, по што Селаковиќ ќе има трилатерална средба со министрите за надворешни работи на Грција и Кипар.

Улогата на грчките доброволци во геноцидот во Сребреница

Кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека и тој ќе има одвоена средба со министрите за надворешни работи на Грција и Кипар. Деновивe портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану рече дека за време на посетата на Дендијас ќе стане збор за зајакнување на билатералната соработка, а грчката страна „ќе ја повтори целосната поддршка на европската перспектива како на Србија, така и на земјите од Западен Балкан“.