Папата во Велигденска порака повика да се споделат вакцините со најсиромашните

Папата Франциск.04.04.2021.

Папата Франциск во својата велигденска порака денеска ја повика меѓународната заедница да ја забрза дистрибуцијата на вакцините против ковид-19 како и да обезбеди снабдување на најсиромашните земји.

„Пандемијата сè уште се шири, додека социјалната и економската криза останува сериозна, особено за сиромашните“, рече папата во традиционалната порака „Урби ет Орби“.

„Секој, особено најранливиот меѓу нас, бара помош и има право да има пристап до потребната грижа“, рече папата Франциск.

Тој ги нарече вакцините „основна алатка“ во борбата против ковид-19. Папата го одржа своето обраќање пред околу 200 луѓе собрани пред базиликата Свети Петар.

Пред пандемијата, Велигденската миса обично се одржуваше на плоштадот Свети Петар пред десетици илјади верници. Но оваа година вторпат по ред велигденската порака на Папата се читаше во затворен простор, за да се обесхрабрат луѓето да се собира на плоштадот Свети Петар.

Франциск претходно веќе ги предупреди богатите народи за дистрибуцијата на вакцините, во обраќањето пред Генералното собрание на ООН во септември.