Полицаец загина во напад во близина на Конгресот на САД

Автомобил удри во двајца полицајци што го чуваа американскиот Капитол

Автомобил на 2 април влета во двајца полицајци што го чуваа американскиот Капитол, убивајќи еден од нив, а возачот на автомобилот е застрелан откако им се заканил на полицајците со нож.

Членовите на Конгресот не беа на седница за време на нападот.

Полицијата соопшти дека засега не може да се каже дека нападот е поврзан со тероризам.

Откако ги удрил полицајците, автомобилот влетал во барикадата во близина на безбедносниот пункт што обично го користат сенаторите и персоналот.

Роберт Конти, началник на полицијата во Вашингтон, рече дека нема индикации дека некој член на Конгресот бил цел на нападот.

Полицаецот кој почина е втор полицаец во Капитол кој е убиен за време на служба оваа година. Другиот почина во јануари кога толпа упадна во Капитол во обид да го запре верификувањето на претседателските избори минатата година на кои победе Џо Бајден.

Пентагон го продолжи распоредувањето на националната гарда околу Капитол

Повредениот офицер во нападот на 2 април кој е хоспитализиран е во стабилна состојба. Братот на осомничениот за „Вашингтон пост“ изјавил дека тој се бори со употреба на дрога и параноја и неговото семејство е загрижено за неговата ментална состојба.

Загриженоста од напад врз Капитол е присутна по немирите во јануари кои ги предизвикаа приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп.