Од Бит пазар до Вашингтон

МАКЕДОНИЈА - Со транспаренти, албански знамиња и барања за оставки од првите луѓе на Јавното обвинителство, неколку стотини граѓани, роднини и поддржувачи на осудените во случајот Монструм денеска го почнаа протестот против пресудите изречени во овој судски предмет.

МАКЕДОНИЈА - Управата за извршување на санкции соопшти дека бизнисменот Орце Камчев добива третман како секое друго притворено лице во земјата.

САД / УКРАИНА - Американскиот претседател Џо Бајден разговарал со неговиот украински колега Володимир Зеленски за прв пат откако ја презеде функцијата пред повеќе од два месеци во услови на загрижувачки извештаи за зголемување на руска војска во источна Украина.

РУСИЈА - Рускиот суд му изрече казна на Твитер од речиси 100 илјади евра поради тоа што социјалната мрежа не избришала содржина, која според властите, била забранета. Ова е прва казна, но, во следните денови се очекуваат серија на пресуди против американските социјални медиуми во Русија. Во моментов има случаи против Фејсбук и Јутјуб.

БУГАРИЈА / САД - Бугарија да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската и да изнајде решение на отворените прашања со Северна Македонија, бидејќи блокадата на пристапувањето на соседот во ЕУ ризикува дестабилизација во регионот, изјавиле денеска за МИА од американскиот Стејт департмент по најновиот извештај за состојбата на човековите права во соседната земја.

СРБИЈА - Претседателот на српскиот парламент, Ивица Дачиќ, на 2 април рече дека ќе започне разговори со политичките партии дури и без претставници на Европскиот парламент​.

ГЕРМАНИЈА - Германската комисија за вакцини - СТИКО, вчера препорача луѓето под 60-годишна возраст кои се вакцинирале со првата доза на вакцината на АстраЗенека, дека треба да добијат втора доза од некоја од другите вакцини. објави Ројтерс.

УНГАРИЈА / ПОЛСКА / ИТАЛИЈА - Премиерите на Унгарија и Полска, заедно со лидерот на италијанската партија Лига, во Будимпешта поставија нови темели на конзервативниот десен сојуз во Европа.