Железничка несреќа во Тајван, најмалку 34 загинати

голема железничка несреќа во Тајван

Најмалку 34 лица загинаа кога воз денеска излета од шините во тунел во Тајван, откако удрил во камион. Ова е најголемата железничка катастрофа на островот во последните неколку децении. Властите соопштија дека спасувачите се борат да дојдат до четири вагони во тунелот кои се „тешко оштетени“.

Јапонскиот државен секретар за одбрана побара Бајден да го поддржи Тајван

Над 70 лица се повредени. Возот превезувал околу 350 луѓе, се вели во извештаите. Последната голема железничка несреќа во Тајван беше во октомври 2018 година, кога загинаа 18 лица.