Фејсбук, Гугл, Твитер, ТикТок, Телеграм на суд во Москва

Твитер, Гугл, Фејсбук

Руските власти тужат пет платформи на социјалните медиуми за наводен неуспех да ги избришат објавите со кои се повикуваат децата да учествуваат во нелегални протести. Тие како што јавува новинската агенција Интерфакс, денеска ќе се најдат пред суд во Москва. Твитер, Гугл, Фејсбук имаат по три случаи против себе, а секое прекршување се казнува со парична казна до 4 милиони рубљи, односно 54 илјади диолари, а исто така се покренати случаи и против ТикТок и Телеграм.

Русија чекор поблиску до забрана за Фејсбук и Јутјуб

Случаите беа отворени по протестите на национално ниво поради затворањето на Алексеј Навални, познат критичар на претседателот Владимир Путин. Навални и неговите приврзаници велат дека неговата казна од 30 месеци, за наводни повреди на условната слобода во врска со случајот со проневера, била измислена од политички причини, нешто што властите го негираат.