Одложувањето на пописот помина на Комисијата за европски прашања

Собрание на Република Северна Македонија.

Заврши комисиската расправа за измените на Законот за попис со кои процесот треба да биде одложен за септември. На седницата на Комисијата за европски прашања беа доставени повеќе од 100 амандмани од страна на опозициските партии, повеќето од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива (АА-А) и неколку од партијата Левица.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми од ДУИ рече дека сите амандмани на АА-А од формален аспект не биле уредни, што било и наведено во писмо кое го добил од претседателот на Собранието Талат Џафери. Во известувањето од Џафери било посочено дека дел од амандманите не биле уредно доставени, бидејќи биле запишани имињата на пратениците од опозицијата, а во најмногу од нив биле потпишани само еден или двајца пратеници.

„А, треба од сите наведени имиња на партениците. Поради овие причини претседателот така одлучи, добив известување и сме обврзани да го почитуваме, изјави Адеми, пренесува МИА.

Три амандмани „уредно“ биле доставени од Левица, но не биле поддржани од членовите на Комисијата, вели Адеми.

Ианку денеска беше започната 28. собраниска седница на која на дневен ред беа две точки: одложување на пописот што би се одржал од 5 до 30 септември, како и измена на Изборниот законик со кој се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори, што исто така ќе бидат одложени за втората половина на октомври.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата, за чие продолжение рече дека пратениците ќе бидат дополнително информирани.

Тој рече дека продолжението на седницата ќе зависи од работата на собраниските комисии за европски прашања и за политички систем и односи меѓу заедниците - матични комисии за двете точки кои се на дневен ред на седницата.

Адеми вели дека завршиле во Комисијата за европски прашања и дека за тоа е доставен Извештај до претседателот на Собранието Џафери. Расправата за пописот треба да продолжи утре на Законодавно-правната комисија, која е закажана за утре во 10 часот, според информациите на интернет страницата на Собранието.

Според Адеми, постои можност утре да се одржи пленарна седница за одложување на пописот.