Земјотрес од 3.2 степени во подрачјето на Тетово и Гостивар

Илустративна фотографија.

Земјотрес со локална магнитуда од 3,2 степени по Рихтеровата скала е регистриран поладнево во 15:05 часот во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 65 километри од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

„Според досегашните податоци, овој земјотрес беше почувствуван од населението во Маврово, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид и Кичево со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала“, информира Опсерваторијата.