Џафери ја закажа седницата за одложување на пописот

Талат Џафери

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја свика седницата на која треба да се одлучува за одложување на пописот. Закажана е за во 13 часот, а истовремено е закажана и седницата за измени и дополнувања на изборниот законик. Таа се очекуваше во текот на вчерашниот ден, но партиите не најдоа решение.

Официјално на дневен ред на 38. седница се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Севрна Македонија, 2021 година по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.

Видете и ова: ДЗС: Нема да почне пописот додека не се заврши собраниската постапка


Одложувањето на пописот за септември и измените на Изборниот законик се поднесени по средбата на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Против одложување на пописот се Алијанса на Албанците и Алтернатива, чиј став не се промени иако вчера во текот денот се одржуваше неколкучасовна координација во Собранието.

Денеска Државниот завод за статистика соопшти дека нема да го почне пописот на терен се додека не се заврши собраниската постапка поврзана со Законот за попис.