Грчец виа Вашингтон

АВСТРАЛИЈА - Австралија претстави план за партнерство со светски производител на оружје и домашно производство на ракети за зајакнување на одбранбените способности на државата, јави ДПА.

МАКЕДОНИЈА - Министерството за внатрешни работи распиша шест меѓународни потерници за членовите на криминални групи кои се занимавале со трговија на дрога. Станува збор за членовите на две криминални групи кои се во бегство, а кои властите ги бараат во врска со акцијата Планина. Бараните лица се од скопска Гази Баба и скопското село Грчец.

АЛБАНИЈА - Европската комисија, во името на ЕУ, денеска одвои 90 милиони евра за Албанија, во рамки на својата програма за макро-финансиска помош (МЈП), поврзана со ковид-19, јави албанската Топ чанел телевизија.

УКРАИНА - Властите во Киев соопштија дека ќе ги затворат училишта и градинките и ќе го ограничат јавниот превоз од 5 април, откако во главниот град на Украина е регистриран драматичен пораст на инфицирани со ковид-19, а како последица на тоа има и многу смртни случаи.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис, го известил македонскиот министер за здравство, Венко Филипче, дека на 14 мај Грција планира да ги отвори граничните премини Дојран и Евзони за македонските граѓани.

СРБИЈА - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека е можно да учествува во меѓупартиски дијалог, но со оние партии кои не сакаат тој дијалог да се води под покровителство на Европската унија (ЕУ).

ИТАЛИЈА - Италијанската полиција на 31 март соопшти дека привела еден капетан на италијанската морнарица заедно со руски воен претставник под сомнение за шпионажа. Италијанското Министерство за надворешни работи подоцна соопшти дека го повикало рускиот амбасадор Сергеј Разов за случајот.

МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска пред новинарите потврди дека во Македонија е регистиран еден случај на компликации по приемот на вакцината АстрЗенека.

ГЕРМАНИЈА / ФРАНЦИЈА / РУСИЈА - Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за руската вакцина против коронавирус Спутник V, објави германската новинска агенција ДПА.

МАКЕДОНИЈА - Денеска во вакциналните пунктови во Македонија почна вакцинација на 20.000 граѓани на возраст над 77 години. Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека по извештаите од Канада и Германија за контраиндикации по примена астразенека вакцина, во Македонија за сега нема да се дава таа вацина на помлади од 60 години.

САД / МАКЕДОНИЈА - Обвинителите често ги пробиваат законските рокови за истрагите, судска непримерност, прекумерен притисок врз судии и одложена правда, случаи на насилство и закани кон новинари, корупција на високо ниво, случаи на насилство и закани кон членови на ЛГБТИ заедницата, но и добар напредок на Владата во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво, заложба за заштита на човековите права, високо-конкурентни избори..., се вели во Годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за почитување на човековите права во 2020 година, во делот за Македонија.

РУСИЈА - Kритичарот на руската власт, Алексеј Навални, денеска започна да штрајкува со глад се додека не добие соодветен медицински третман за силната болка во грбот и вкочанетост на нозете. Навални во објава на Инстаграм напиша дека бара да го посети лекар по негов избор. Критичарот на Кремљ, кој има 44 години, се наоѓа во затвор на околу 100 километри од Москва. Затворот во кој е сместен Навални е познат како еден од најтешките казнено-поправни установи во Русија.