Киев затвора градинки и школи по порастот на ковид позитивни

Киев, 30 март, 2021.

Властите во Киев соопштија дека ќе ги затворат училишта и градинките и ќе го ограничат јавниот превоз од 5 април, откако во главниот град на Украина е регистриран драматичен пораст на инфицирани со ковид-19, а како последица на тоа има и многу смртни случаи.

„Ние немаме друга опција. Во спротивно, ќе има стотици смртни случаи секој ден“, рече денеска градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

Почнувајќи од следната недела, училиштата и градинките ќе бидат затворени, а јавниот превоз во Киев ќе работи со специјални битлни само за оние кои работат во критични инфраструктурни претпријатија.

Според Кличко, ковид-болниците во Киев се 80 отсто исполнети. Последните податоци покажуваат дека минатото деноноќие во Киев од последици од ковид-19 починале 407 лица. Вкупно регистрирани се 11.226 нови случаи на заразени, со што вкупниот број се зголеми на повеќе од 1.674.000 од почетокот на пандемијата.

Скоро 33 илјади луѓе починаа од ковид-19 во Украина.
Според податоците на Министерството за здравство вкупно 231.564 лица примиле прва доза од вакцината против ковид-19.