Заев за преписката Пендаровски - Филипче: Здраво е да има несогласувања

Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев

Слободата е придобивка. Порано беше мисловна именка да не се согласуваат. Здраво е да имаме несогласувања, но тоа не значи дека не се почитуваме, изјави денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја вчерашната преписка меѓу претседателот Стево Пендаровски и министерот за здравство Венко Филипче. Пендаровски изјави дека масовното вакцинирање македонски граѓани во Србија е срам за Македонија и дека такви слики не треба да ни се повторат, додека Филипче му контрираше дека не е срам туку знак на солидарност од соседна држава.

Според Заев, не е срамота тоа што граѓаните се вакцинирале во Србија, како што искоментира Пендаровски, затоа што тие таму оделе како индивидуалци по сопствена волја, односно не ги организирала државата.

„Ние не превземеме обврски, не дај боже ако нешто се случи цела една држава да ја носиме таму. Граѓаните можеше да одат како поединци, но индиувидуално, не како институција, не како држава“, смета Заев.

Изминатиот викенд и неколку дена пред тоа, во Србија се вакцинирале над 20 илјади македонски државјани, индивидуално или организирани преку здруженија.