Филипче: нема да вакцинираме со АстраЗенека помлади од 60 години

Венко Филипче

Северна Македонија ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „АстраЗенека“, соопшти синоќа министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21.

„По двата извештаја на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните препораки и нема да вакцинираме со „АстраЗенека“ лица кои се помлади од 60 години. Ние, секако, утре почнуваме со вакцинација на граѓани на возраст над 77 години“, рече Филипче.

Тој додаде дека дополнително ќе се обратат и до Европската медицинска агенција (ЕМА) за став во врска со вакцината на „АстраЗенека“ по одлуките на Канада и на Германија.

„Буквално секоја вакцина која влегува во земјава е сигурна и безбедна. Националната стратегија е правена за да се категоризираат ризичните групи. Ќе ги следиме сите насоки кои произлегуваат од меѓународните регулатори“, додаде Филипче.