Закажани 5976 термини за вакцинација на граѓани над 77- годишна возраст

Вакцинирање против ковид-19 во Македонија

Започна закажувањето на термини преку системот Мој Термин за вакцинација на граѓани опфатени во Правата фаза од Националната стратегија за вакцинација против Ковид 19. Националниот здравствен систем „Мој Термин“ од вчера ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на граѓани кои се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б, од Националната стратегија за ковид имунизација, информира Министерството за здравство. Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, започна со дистрибуција на вакцината Астра Зенека до здравствените установи низ државата, каде почнувајќи од утре, ќе се одвива вакцинација на лица над 77 годишна возраст.

„До крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9577 термини, а досега закажани се 5976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст“ се вели во соопштението од Министерството.

Во него се посочува дека вакциналните пунктови низ државата ќе работат во две смени, ќе бидат отворени од 8 до 20 часот, од понеделник до петок. Матичниот лекар на секој граѓанин кога ќе му закаже тремин за вакцинација, должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спроведува вакцинација против Ковид-19, велат од Министерството.