Проверете дали ве има во избирачкиот список, повикува ДИК

Архивска фотографија - Членовите на ДИК со претседателот на Парламентот, Талат Џафери, по свечената заклетва

Александар Даштевски, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), денеска изјави дека реализацијата на локалните избори, како што беше најавено вчера, ќе биде со терминалите за вчитување на отисок од прст, и оти тие ќе направат се да се спроведе тоа.

„Ние ќе ги направиме сите услови да го спроведеме ова. Времето е кратко, но сметам дека со оглед на сите околности што се случија ќе успееме во спроведувањето на таа обврска“, изјави Даштевски, кој кажа дека и тие се во очекување на одлуките на Собранието.

ДИК на денешната седница информираше дека деновиве е направено најновото ажурирање на Избирачкиот список, а членовите на Комисијата ги повикаа граѓаните да ги проверуваат своите податоци електронски на нивната веб – страна во текот на целата година. Комисијата изработи и видео спот преку којшто ги повикува граѓаните да ги проверат своите податоци.