Следната недела ќе се вакцинираат војска, полиција, судии, новинари, возачи...

Илустрација

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека Национална техничка група за имунизација против Ковид-19 донела одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во критичната државна инфраструктура. Вкупно 4000 вакцини ќе бидат издвоени за овие категории од првичните 24000 вакцини од АстраЗенека кои веќе пристигнаа и со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

„Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик, а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините“, се наведува во соопштението од МЗ.

Видете и ова: Слаба комуникација со граѓаните на кризниот ковид систем

Со оваа одлука, техничката група за имунизација смета дека „ќе се заштитат оние вработени кои имаат најмногу контакти и се во голем ризик“.

Според соопштението од МЗ, сите останати групи, согласно степенот на ризик, ќе бидат вакцинирани во следните фази, и поради тоа „се апелира за трпение и разбирање“.