Македонски ИТ компании може да учествуваат на тендерите на НАТО

Радмила Шекеринска

Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денеска пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи, или вкупно околу 150 сервиси, информираше денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Онлајн настанот го отворила министерката, охрабрувајќи ги нашите компании да се пријават.

„Ја отворивме вратата кон НАТО, а сега ја отвораме и вратата на пазарот во НАТО. Агенцијата за информации и комуникации при НАТО денес пред неколку наши компании и експерти по информатички технологии ги презентираше можностите за учество на тендери за стручна поддршка на деловните процеси на Алијансата, во делот на комуникациски и информатички системи, сајбер одбрана, платформи, или вкупно околу 150 сервиси“, објави министерката Шекеринска на Фејсбук, по онлајн состанокот со претставници на македонските компании.

Видете и ова: Една година во НАТО- безбедносно стабилни, економски слаби

Македонија пред неколку дена одбележа една година членство во НАТО. По тој повод, во посета на Македонија беше Командантот на сојузничката команда на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој ѝ се заблагодари на Македонија за придонесот во Алијансата и за светската безбедност.