Бајден со критика за опуштањето и прераното укинување на рестрикциите

Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден и висок здравствен претставник предупредија поради опуштањето и прераното укинување на рестрикциите, откако почна да расте загриженоста поради нов бран инфекции и покрај забрзувањето на кампањата на вакцинација во САД.

Бајден изјави дека 90 насто од возрасните ќе може да се вакцинираат до 19 април, најавувајќи планови за полесна достапност до вакцините во наредните недели.

Повеќе од 93 милиони луѓе, или 28 проценти од американското население, примиле барем една доза вакцина против коронавирус.

Претходно, директорот на Центрите за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски, рече дека чувствува „претстојна пропаст“ бидејќи некои држави ги укинуваат ограничувањата и мерките за носење маски, поради чувството на сигурност како резултат на вакцинацијата и пониските броеви на зарази во последните неколку недели.

Случаите на вирусот се зголемија за околу 10 насто во текот на изминатата недела, но со 60 илјади случаи на ден сè уште се далеку под бројките од над 200 илјади во јануари.

Хоспитализациите и смртните случаи имаат мал раст, откако драматично паднаа.