Разговори, преговори, договори...

МАКЕДОНИЈА - Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска информираше дека од среда ќе почне вакцинацијата на граѓаните над 75 години со вакцините на Астра зенека кои вчера пристигнаа во Македонија преку КОВАКС махеназмот.

САД - САД - Американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон соопшти дека на африканските земји од ова лето ќе им обезбеди до 400 милиони дози од својата вакцина против ковид-19. Во согласност со договорот постигнат меѓу оваа компанија и Африканскиот фонд за вакцини треба да се испорачаат 220 милиони дози од вакцината во периодот од јули до септември во 55 земји членки на Африканската унија. Тие земји ќе може да порачаат дополнителни 180 дози од вакцината, вкупно до 400 милиони дози до 2022 година.

Македонскиот вицепремиер Никола Димитров и германскиот министер за Европа, Мајкл Рот, на денешната средба во Брисел (22 септември 2020)

МОЗАМБИК - Организацијата Исламската држава (ИД) денеска ја презеде одговорноста за нападот во градот Палма во Мозамбик, во кој беа убиени десетици луѓе, вклучително и странски работници. ИД за новинска агенција Амак потврди дека стои зад нападот, велејќи дека ја презеле контролата над градот по повеќедневни борби со безбедносните сили и тврдат дека убиле најмалку 55 луѓе, вклучително и војници и дека урнале згради и заплениле возила.

БУГАРИЈА - Според најновото истражување на јавното мнение на агенцијата Маркет линкс, пет политички партии ќе влезат во составот на новиот бугарски Парламент. Според анкетата, тоа се ГЕРБ, БСП, МРФ, Има таков народ и Демократска Бугарија.

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА - Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик денеска праша зошто од ЕУ не ги испорачаат вакцините против коронавирус кои се платени 6,5 милиони евра, истакнувајќи дека тоа е целосно некоректно.

МАКЕДОНИЈА - Пописот се одложува за во септември за да има време да се спроведе вакцинација на населението против коронавирусот, се договориле денеска лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

СРБИЈА - Од српскиот министер за здравство Златибор Лончар и побарав да ми даде список од наши граѓани кои се вакцинирале во Србија. Списокот ни е потребен оти планираме нашите сограѓани кои веќе се вакцинирале во Србија да се ревакцинираат во Македонија, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

ШВАЈЦАРИЈА - Заедничката студија за потеклото на КОВИД-19 од Светската здравствена организација (СЗО) и Кина вели дека пренесувањето на вирусот од лилјаци на луѓето преку други животни е најверојатното сценарио за ширење на КОВИД-19 и дека истекувањето на вирусот од лабораторијата е малку веројатно, објави новинската агенција Асошиејтед прес (АП), повикувајќи се на содржината од извештајот. АП објави дека имала пристап до копија од извештајот.