Пендаровски за утре го свика Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски

Во Кабинетот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, утре ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче, информираше претседателскиот Кабинет.

На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.