Во скопските ковид центри има 668 пациенти

Ковид-19 центар во Скопје

Изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 30 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.


Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти.

Вкупно 668 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, додаваат од МЗ.