Бомбашки напад пред катедрала во Индонезија

Плицијата во Индонезија.

Индонезиската национална полиција соопшти дека двајца бомбаши-самоубијци се осомничени за напад пред преполна римокатоличка катедрала за време на денешната неделна миса, при што биле ранети неколку лица.

Нападот се случил околу 10:30 часот (по локално време) во градот Макасар во индонезиската провинција Јужен Сулавеси.

Портпаролот на полицијата Арго Јувоно изјави дека 14 лица кои биле надвор од црквата се повредени од експлозијата.

Властите соопштија дека нема жртви меѓу верниците во црквата.

Началникот на полицијата во Јужна Сулавеси првично рече дека се смета дека нападот го извршил еден напаѓач кој починал во експлозијата.

Индонезиската единица за антитероризам започна истрага за тоа која терористичка мрежа е одговорна за нападот.