Протест на стотици полицајци во Букурешт

Протест на полицајци во Романија

Стотици полицајци вчера протестираа во Букурешт поради намалувањето на приходите и лошите услови за работа.

Демонстрантите се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи, каде што трубеа, свиркаа и запалија димни бомби во боите на романското знаме за да изразат гнев поради двегодишното замрзнување на платите, намалувањето на пензиите и неприфатливите услови за работа.

Претседателот на полицискиот синдикат на Европол, Космин Андреика изјави дека во околу 3.000 полициски станици тоалетот е надвор од објектот, во дворот и оти немаат вода за пиење.

Намалувањето на платите е дел од пошироките намалувања на буџетот што ги спроведува коалициската влада предводена од премиерот Флорин Кицу од Националната либерална партија.

Пред неколку дена, синдикатот на Европол објави фотографија на Интернет, на која се гледаат остатоци од малтер кој паднал од таван на полициска станица во северниот град Ботосани.

Демонстрациите, организирани од два одделни полициски синдиката, се одржаа на Денот на романската полиција, која годинава одбележува 199 години од постоењето.

Романскиот министер за внатрешни работи не одговори на барањата за коментар за тврдењата на полицискиот синдикат.