Почна предизборната кампања во Албанија

Љуљзим Баша и Еди Рама, илустрација

Двете главни политички сили во Албанија, владејачката Социјалистичка партија (ПС) и опозициската Демократска партија (ПД), во речиси ист термин, но на различни локации во Тирана, го означија официјалниот почеток на кампањата за парламентарните избори што ќе се одржат на 25 април.

Социјалистите на Еди Рама кампањата ја почнаа на плоштадот „Скендербег“ а демократите на Љуљзим Баша, кои ја предводат изборната коалиција „Алијанса за промени“ на плоштадот „Мајка Тереза“.

За разлика од ПД, која собра стотици приврзаници, ПС одлучи да присуствуваат само 152-та кандидати за пратеници додека други членови или приврзаници, немаше поради антиковид протоколите.

Поради забраната за групирање на повеќе од 10 лица, како што беше најавено, на плоштадите требаше да присуствуваат лидерите на партиите и нивни соработници, а членовите, симпатизерите и граѓаните тоа да го следат онлајн.