МЗ: Во ковид-центрите има 1427 пациенти и 270 слободни места

Ковид-19 центар во Скопје

Во ковид центрите низ Македонија е пријавено дека се лекуваат вкупно 835 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, а во Скопје 592 лица. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1427 и има околу 270 празни болнички кревети во ковид центрите, информираше денеска Министерството за здравство (МЗ).

Според Министерството, во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, а „сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород“.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 79 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 592 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.