Парламентарни избори во Израел

Денеска во Израел се одржуваат парламентарни избори, четврти за помалку од две години.

Конзервативната партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху е фаворит за победа според испитувањата на јавното мислење, што не значи дека тој и неговите сојузници ќе имаат мнозинство во Кнесетот. Според анкетите, блокот против Нетанјаху, составен од левичарски, десничарски и центристички партии, има уште помали шанси да формира владејачка коалиција.

Право на глас имаат околу 6 ипол милиони Израелци, а се очекува до утре изутрина да бидат пребројани 60 до 70 насто од гласовите.

Кнесетот, во кој има 120 пратеници, е распуштен во декември 2020 година, со што беше отворен патот за нови избори во настојувањата да се надмине политичкиот застој во земјата.