Бајден и Харис ветија борба против расизмот по нападот во Атланта

Претседателот на САД, Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис ја посетија Атланта неколку дена откако вооружен напаѓач уби осум лица во три салони за масажа, а шест од жртвите се од Азија.

Говорејќи по состанокот со водачите на азиско-американската заедница во државата Џорџија, Бајден одржа краток говор во кој рече дека омразата и насилството честопати биле исполнети со тишина во САД.

"Но, тоа мора да се промени затоа што нашата тишина е соучесништво. Не можеме да бидеме соучесници. Ние мора да зборуваме гласно, мора да дејствуваме“, изјави Бајден додека ги повика Американците да се борат против обновување на ксенофобијата во земјата.

Бајден порача дека имало „вртоглав скок“ на малтретирање и насилство врз Азијците. Без да го спомене поранешниот претседател Доналд Трамп, Бајден сугерираше дека Американците „повторно го учат она што отсекогаш сме го знаеле: Зборовите имаат последици. Тоа е коронавирусот, точка“.

Трамп честопати беше критикуван затоа што постојано го нарекува ковид-19 кинески вирус. Убиствата ги засилија дебатите во САД околу расата, полот, работата со мигранти и сексуалната работа.

Полицијата за нападот го уапси 21-годишниот Роберт Лонг, врз основа на снимка од видео надзорот што беше објавена на Фејсбук.