ВМРО-ДПМНЕ почнува акција за собирање ново членство

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски

ВМРО-ДПМНЕ од 20 март до 20 април започнува со акција за приклучување и зачленување на нови членови, соопшти денеска генералниот секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски.

„Просториите на општинските комитети ќе бидат отворени од 17 часот до 20 часот секој работен ден. Приклучи се затоа што сакаш да бидеш дел од промените во нашата земја. Приклучи се затоа што Македонија има потреба од твоето знаење и капацитет, и нам ни требаат големи чекори напред, а не мали промени“, вели Сајкоски во повикот за ново членство.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве е актуелно и одложувањето на вонредниот конгрес, кој го закажа Иницијативниот одбор за смена на актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Вонредниот конгрес е откажан, како што соопштија од Иницијативниот одбор, поради ситуацијата со ковид пандемијата.