Шпанија ја легализираше евтаназијата

Членовите на шпанскиот парламент ја легализираа евтаназијата како помош за самоубиство на лица со сериозни и неизлечиви болести кои сакаат да стават крај на својот живот. Со оваа одлука Шпанија стана четвртата земја членка на ЕУ што го презема овој чекор.

Се до денешната одлука, за помош на некого да го заврши својот живот во Шпанија, беше предвидена казна затвор до десет години.

„Денес е многу важен ден затоа што се движиме кон признавање на човековите права. Одиме кон похумано и порамноправно општество", истакна министерката за здравство Каролина Даријас во обраќањето пред пратениците.

Законот ќе стапи на сила за три месеци, така што регионалните комитети ќе можат да ги процесираат и одобруваат апликациите.

Луксембург: Озаконета евтаназијата

Надвор од парламентот, групи за и против законот демонстрираа за време на дискусијата и гласањето. Претходно Белгија, Луксембург и Холандија ја легализираа евтаназијата.