Обвинети, осудени, осомничени...

БЕЛОРУСИЈА - Повеќе од 400 лица се осудени досега во брутална акција на властите против демократските демонстранти во Белорусија, по спорните претседателски избори пред седум месеци.

МАКЕДОНИЈА - Не треба да биде обвинуван секој што патентирал систем и го отстапил бесплатно на користење на својата земја, порача денеска премиерот Зоран Заев, на прашањето дали ќе побара оставка од секретарот задолжен за мониторинг на реализацијата на владината програма и стратегиските проекти, Драги Рашковски, за спорната набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќај и изрекување на казни.

АВСТРИЈА / ИРАН - Иран започна со збогатување на ураниум во својата подземна фабрика во Натанц со употреба на напредни центрифуги, што претставува последно кршење на нуклеарниот договор со светските сили во 2015 година, соопшти Виенската меѓународна агенција за атомска енергија (ИААЕ).

ПОЛСКА - Полска денеска објави дека воведува ограничувања во целата земја бидејќи новите дневни случаи со коронавируси достигнаа највисоко ниво оваа година.

ШВАЈЦАРИЈА - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека придобивките од вакцината Ковид-19 на АстраЗенека ги надминува потенцијалните ризици откако неколку држави ја прекинаа вакцинацијата заради загриженост за можна поврзаност со згрутчување на крвта.

МАКЕДОНИЈА - По пожарот во зграда во Гостивар, во кој загина 7-годишно дете, на кое за време на пожарот му биле врзани нозете со синџир, Министерството за труд и социјална политика соопшти денеска дека Центарот за социјална работа - Гостивар во соработка со СОС Детско село, обезбедил соодветно сместување и услови за живот за останатите три деца, чиј дом изгоре. Мајката е приведена во полиција.

МАКЕДОНИЈА - Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ги повика МВР и Управата за финансиската полиција да преземат дејства за откривање на евентуални кривични дела во набавката на софтверот за контрола на брзината во сообраќајот, кој го набави Генералниот секретаријат во Владата за МВР, а не се користи. Од Управата за финансиска полиција во писмен одговор до РСЕ велат дека согласно со законите за кривичната постапка и финансиската полиција, дејствијата кои ги презема во предистражна постапка секогаш се вршат во координација со надлежен Јавен обвинител.

САД - Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека одлука за повторно кандидирање за Белата куќа ќе донесе по изборите за Конгресот во ноември в година, јави Ројтерс и пренесува дека Трамп за Фокс њуз изјавил дека во моментот е посветен на помагање на колегите републиканци во обидот да ја повратат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот на изборите во 2022 година и дека верува дека има многу добри шанси за тоа.

РУСИЈА - Наводите за наводно руско мешање во американските федерални избори во 2020 година, кои беа објавени од американските разузнавачки служби, не се поддржани со ниту еден факт, објави руската амбасада во Вашингтон.

ФРАНЦИЈА - Две недели откако беше осуден во аферата Прислушување, поранешниот претседател на Франција Никола Саркози денеска се врати во обвинителната клупа поради прекумерно трошење пари за време на претседателската кампања во 2012 година.