Нови 1293 заразени со Ковид-19, 24 починати

Инфективна клиника, ковид 19 амбуланта

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.094 тестирања, а регистрирани се 1293 нови случаи со Ковид-19, од кои најмногу во Скопје – 626. Прилеп има 88 новозаразени, Велес – 60, а Гостивар, Кавадарци и Битола – по 48 регистрирани случаи со ковид 19.

Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 до 90 години и тоа 14 пациенти од Скопје, двајца од Прилеп и по еден од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 339 оздравени пациенти

Зголемен број заболени од Ковид 19, мерките исти

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 115222, бројот на оздравени пациенти е 99015, на починати е 3388, а на активни случаи изнесува 12819.