Трамп во ноември ќе одлучи дали пак ќе се кандидира за претседател

Доналд Трамп

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека одлука за повторно кандидирање за Белата куќа ќе донесе по изборите за Конгресот во ноември в година, јави Ројтерс и пренесува дека Трамп за „Фокс њуз“ изјавил дека во моментот е посветен на помагање на колегите републиканци во обидот да ја повратат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот на изборите во 2022 година и дека верува дека има многу добри шанси за тоа.

Трамп истакна дека одлуката за новата кандидатура за Белата куќа ќе ја донесе по тие избори и дека истражувањето на јавното мислење покажува дека неговите приврзаници се подготвени да го поддржат доколку повторно влезе во трка за претседателски мандат. Поранешниот американски претседател исто така рече дека ќе спроведе кампања на изборите во 2022 година за кандидати што ги поддржуваат него и неговата политика и против оние републиканци што ги смета за нелојални, пренесе Ројтерс.