Продолжува судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април

Обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски на прво рочиште од судењето за 27 април

Во Кривичниот суд Скопје за денеска е предвидено да продолжи судењето за предметот „Организатори на 27 април”. На претходното рочиште за случајот за собраниските настани на 27 април 2017 година беа изведени материјални докази предложени од одбраната на Миле Јанакиески. Овој случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Вилма Русковска.

Потврдени пресуди и делумно уважени жалби за случајот „27 април“

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски, и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.