Турција упати протест до Грција, Кипар, Израел и ЕУ за договорот за подводен кабел

Патрола на брод на турската крајбрежна стража на Егејското Море, покрај турскиот брег

Турција протестираше против енергетскиот договор неодамна потпишан од Израел, Грција и Кипар за инсталација на подводен електричен кабел од 2.000 мегавати што ќе ги поврзува трите земји, објави државната новинска агенција Анадолија. Турција официјално протестираше против договорот, тврдејќи дека трасата на планираниот кабел, кој се очекува да биде финансиран од Европската унија Турција минува низ турските територијални води. Турските власти сметаат дека трите земји треба да побараат одобрување од Турција пред да го спроведат проектот.

Турција се надева дека разговорите за Медитеранот можат да ги смират немирните води со ЕУ

Претходно, Израел, Грција и Кипар потпишаа договор за изградба на подводен нафтовод, вреден шест милијарди долари, за транспорт на гас од новите крајбрежни наоѓалишта во југоисточен Медитеран до континентална Европа, заобиколувајќи ја Турција. Трите земји минатата недела одржаа заедничка поморска вежба, како одраз на нивната засилена соработка, која ја гледа Турција како растечки ривал на Медитеранот. Турција испрати бродови за наоѓање гас во областа на која Кипар вели дека има ексклузивни права. Тензиите ги донесоа членките на НАТО Грција и Турција блиску до отворен конфликт минатата година, но оттогаш се намалија.