Навални на Инстрагам: Во затворот се забранети псовки

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални денеска потврди дека е преместен во озогласениот затвор во градот Покров, опишувајќи го како „пријателски логор“. Во пост на социјалната мрежа Инстаграм тој напиша дека се чуствува добро, откако пред три дена бил префрлен во затворот ИК-2.

„Морам да признаат дека рускиот затворски систем наполно ме изненади. Немав идеја дека е можно да функционира вистински концетрационен логор на 100 километри од Москва. Тоа е она што јас го нарекувам мојот нов дом: наш пријателски концетрационен логор, “, напиша тој во постот.

Затворската колонија во Покров е позната како еден од најтешките затвори во европскиот дел на Русија. Навални изјави дека досега не сведочел на насилни настани во затворот, ниту пак, насетил некакво навестување за нив. Но, шегувајќи се, посочи дека е шокиран од правилото за забрани за пцовки во затворот. Тој вели дека во затворот е забележлива напната атмосфера што ги прави лесни за верување приказните дека „луѓето во ИК-2 о честопати биле тепани со дрвени чекани“.

„Три работи никогаш не престануваат да ме воодушевуваат. Ѕвезденото небо над нас, категоричниот императив во нас, и неверојатното чуство кога со дланка ќе поминете врз свежо избричена глава. Поздрав до сите, од „секторот за зголемена контрола А“ напиша денеска тој на постот на Инстаграм каде што објави и фотографија од неговата избричена глава.

Претходно десетици држави вклучително и САД, бараа од Русија итно ослободување на Навални, откако минатата година се отвори меѓународна истрага за труењето со воен нервен гас.
Навални во јануари беше приведен на аеродромот во Москва веднаш по слетувањето од летот од Германија, каде што се опоравуваше од труењето со невниот гас Новичок.

Експерти на ОН бараат меѓународна истрага за Навални

Навални за труењето го обвини рускиот претседател Владимир Путин, иако Кремљ негира секаква инволвираност во случајот. По приведувањето судот во Москва му одреди затворска казна од 3 ипол години, поради прекршување на условна казна за делот за кое тој тврдеше дека е политички монтиран судски случај. Притворот на Навални во Русија предизвика бран на национални протести и активносто на неговите приврзаници.

ЕУ и САД на 2 март воведоа нови санкции против Русија поради случајот со Навални.