Нови 284 заразени со ковид-19 и 21 починати пациенти

Граѓани со маски како мерка против ширењето на ковид-19

Во изминатово деноноќие се евидентирани 284 новозаразени со ковид-19 и 21 починат од компликации од коронавирусот. Во изминативе 24 часа биле направени 1258 тестирања на ковид-19. Најголем број на новорегистрираните случаи со ковид-19 е во Скопје – 152, потоа во Кавадарци 29, и Прилеп 21.

Пријавените 21 починати пациенти се на возраст од 52 до 93 години и тоа осум од Скопје. Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

ЕК објасни за ковид пасошите, без гаранции за трети земји

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 112.930, бројот на оздравени пациенти е 98.133, на починати е 3.340, а на активни случаи изнесува 11.457.