Абас го одби израелското барање за одложување на изборите

Махмуд Абас

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас го одби израелското барање за одложување на изборите, изјави денеска Муса Абу Марзук, член на Политичкото биро на Хамас.

„Абас го одби барањето на ционистичкиот ентитет (Израел) за одложување на изборите“, истакна Марзук.

Тој нагласи дека се „против какво било одложување на изборите”, но не исклучува одложување на гласањето поради раздор во движењето Фатах на Абас.

Минатата недела Фатах го смени Насер ал-Кудва, внук на поранешниот претседател Јасер Арафат, поради планот да се кандидира на посебна листа на претстојните избори. Приведениот лидер на Фатах, Марван Баргути, исто така, ја откри својата намера да се кандидира на претседателските избори на 31 јули.