Во скопските ковид центри има 436 пациенти

Илустрација - Ковид-19 центар во Скопје

Министерството за здравство денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Со тоа, вкупно 436 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и работат ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 23 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 28 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 199 пациенти.