Турција реагира за косовската амбасада во Ерусалим

Турскиот претседaтел Реџеп Таип Ердоган

Турското Министерство за надворешни работи денеска реагираше на отворањето на косовската амбасада во Ерусалим, со оценка дека „одлуката е за жалење“, пренесуваат косовските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Турција објави дека остро го осудува отворањето на амбасадата и ги повика косовските лидери да се откажат од овој, како што е наведено, „неодговорен и незаконски чекор“.

Според известувањето од турското министерство за надворешни работи, турскиот претседaтел Реџеп Таип Ердоган смета дека лидерите на Косово постапиле „спротивно на утврдените параметри на мировниот процес, вклучително и релевантните резолуции на ООН за статусот на Ерусалим и ја оштетиле визијата за решение на две држави и надеж за мир во регионот“, пренесуваат медиумите во регионот.

Косово вчера ја отвори својата амбасада во Ерусалим, како резултат на договорот од Вашингтон, потпишан на 4 септември 2020 година во Белата куќа.