Цел викенд затворени кафеани, казина, фризерници и продавници во Србија

Луѓе во кафуле во Белград

Српската влада донесе нови мерки за сузбивање на епидемијата на коронавирус. Донесена е одлука од вечерва во 21 часот до понеделник во пет часот наутро да бидат затворени сите угостителски објекти, сите продавници, освен оние за храна, козметичките и фризерски салони, спортски обложувалници, казина, игротеки, вежбалници и спортски објекти.

Од понеделник, учениците од повисоките одделенија во основните училишта ќе следат онлајн настава, исто како и средношколците.

Во соопштението од владата се наведува дека не е дозволена ниту шалтерска продажба на храна, кафе или пијалаци во рестораните и во локалите на шеталиштата.

Вакцинацијата против коронавирус ќе се одвива без прекин по претходно утврден план, така што новите мерки не го загрозуваат процесот за имунизација.