За 24 часа 28 нови пациенти примени во скопските ковид центри

Илустрација - Ковид-19 центар во Скопје

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, од кои 12 се примени на Интерните клиники, четворица во ГОБ „8 Септември“ и 12 на Инфективната клиника. Дома се пуштени 18 оздравени пациенти, информираше денеска Министерството за здравство.

Според последните податоци во скопските ковид-центри денеска во 8 часот имало 20 слободни места. Од болниците во другите градови, најмногу пациенти има во Куманово-93, во Прилеп-77 и во Кавадарци-72.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти, во Штип 40 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, а во Велес 46 болни. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 64 пациенти, во Гостивар 21, во Струга 17, во Струмица има 37 пациенти, во Кочани 9, во Кичево 10, во Гевгелија 10, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.